Проектирање, испорака, инсталирање и пуштање во работа на SCADA и Телекомуникациски систем за ХС „Злетовица“. Со проектот се инсталирани два командни центри, главен во Пробиштип и секундарен при браната Кнежево. Главниот команден центар е поставен во командно – административната зграда во Пробиштип, која беше изградена наменски како дел од истиот пакет. Системот во главниот команден центар се состои од два редундантни SCADA сервери, Back up сервер, Storage сервер, две работни станици со по 4
монитора и видео ѕид составен од 8 монитори. Преку командните центри далечински се управуваат 13 подсистеми (Брана Кнежево – темелна затварачница, зафати, Пречистителни станици – крајни корисници, лимниграфи) каде се инсталирани командни ормари со ПЛУ (Програмабилни Логички Управувачи). Комуникацијата е овозможена со редундантен Гигабитен Етернет преку оптичка прстенеста мрежа и GPRS сервер како Back up. Апликативниот софтвер е специјално развиен за хидросистемот Злетовица.На сите локации се
поставени CCTV и AC системи. При Главниот команден центар е поставен и соодветен систем за гасење на пожар со Гас ФМ 200.
Клиент: Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство / ХС „Злетовица“
Датум на завршување: 10.2010
Конечна договорна вредност: 2.387.000,00 €